Маслодајна се спогодила, ќе плати 50 илјади евра глоба за еко-инцидентот од 27 септември

Петар Печков

Велешка Маслодајна се обврзала да плати 50 илјади евра глоба  за пожарот кој се случи во силоcoт на друштвото на 27-ми септември годинава. Критичниот ден, во еден од силосите, дошло до само запалување на 400 тони пелети со сончоглед. Поради огнот, мирисот на гареж и чадот, велешани силно реагираа.

Општина Велес информираше дека минатата седмица се одржала седницата на Комисијата за спогодување при Министерството за животна средина, на која присуствувале  претставници од „Благој Ѓорев” АД Велес и овластениот инспектор за животна средина од Општина Велес,  Билјана Шуркова- Манаскова кој ја водеше инспекциската постапка.

На седницата се склучи и потпиша Спогодба од сите три страни, Комисијата, „Благој Ѓорев” АД Велес и овластениот инспектор, за плаќање на глоба во износ од 50.000 евра во денарска противвредност за правното лице, која треба да се плати во рок од 15 дена. Спогодбата има сила на извршна исправа - пишува во информацијата од локалната власт. 

За одговорните лица во Маслодајна,  извршниот директор и одговорно лице за животна средина  - по 15.000 евра во денарска противвредност за секој поединечно.  Оваа глоба  е условна, ќе се изврши само доколку во рок од една година од денот на склучување на спогодбата, одговорните  лица сторат прекршок од областа на животната средина.

Ова е прва инспекциска постапка за прекршок од III категорија поведена од овластен инспектор за животна средина која заврши со спогодување. Сите досегашни постапки за најтешките прекршоци досега се водени од државни инспектори за животна средина, согласно информациите добиени од Претседателот на Комисијата за спогодување при МЖСПП -информираа од Општина Велес. 

Првично бил констатиран прекршок од  III-та категорија за кој беше изречена  глоба во износ од 100.000 евра за правното лице и 30% од одмерената глоба за одговорното лице во правното лице. За овој вид на прекршок согласно Законот за животната средина е предвидено спроведување на постапка за спогодување, по која за овој случај глобата е двојно помала. 

Маслодајна се уште немаа ,,Б,, интегрирана еколошка дозвола, која е во постапка од 2013-та, но имаат дозвола за усогласување. Најголема пречка за добивање ,,Б,, дозвола биле котлите за работа. Во фабриката имало три котла, два на мазут, еден на пелети.

Самозапалувањето на пелетите  и техничката неисправност на сондата, која ја мери температурата во внатрешноста биле причините за пожарот, констатираше  надлежниот општински инспектор за животна средина по извршениот вонреден  инспекциски надзор   во Маслодајна.

loading...

Поврзани »

loading...

АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

Дали 8-то место на ФК Борец во Првата лига ги задоволи вашите очекувања?

  • да
  • не
  • можеше и подобро
Резултати