Маја Хеско е новата претседателка на Општинската организација на СДСМ Велес

Петар Печков

Претседателка на ОО СДСМ- Велес е Маја Хеско. Ова на нивната ФБ страница го споделија  со јавноста, од партијата. Во биографијата за неа пишува дека е долгогодишен член на СДСМ, од неговото формирање. 

Од 1991 год. па до денес извршува повеќе партиски и јавни функции член на Извршен одбор во неколку мандати, член на Советот на Општина Велес, била кандидат за пратеник на пратеничката листа на ИЕ-3, претседател на месен одбор и активно вклучена во работата на Форумот на жени  на ОО СДСМ - Велес. 

Хеско е е дипл.социолог, професор по социологија и граѓанско образование во ССОУ„Димитрија Чуповски“- Велес.

„Животот во општество во кое се уште владеат стереотипите околу местото на жените во институциите на одлучување и раководење со државата ме мотивираше да ја прифатам функцијата - Претседател на ОО СДСМ- Велес. Како жена, социолог, просветен работник, долгогодишното раководно искуство како директор на училиштето во кое што работев ќе го вклучам во борбата за постигнување на родовата еднаквост во сите полиња на нашето живеење. Жените се храбри, силни, одговорни,посветени и можат да одговорат на сите поставени задачи но мора да бидат охрабрени, добро организирани и да добијат фер шанса“ – напиша таа во нејзината порака по изборот на оваа партиска функција.

Фото ОО СДСМ Велес

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Како го оценувате, колку сте задоволни од решението за уредување на централното градско подрачје?

  • 5
  • 4
  • 3
  • 2
  • 1
Резултати