Петар Печков
Објавено: петок, 02 мај 2025
Премиера на претставата „Галеб“ и по две претстави на хит комедиите, се дел од репертоарот на велешки театар „Јордан Хаџи Константинов Џинот“ во месец мај.
Премиерата е на претставата „Галеб“ работена по текст на Антон Чехов а во режија на Александар Ивановски е најавена за крајот на месецов. Вторник 6-ти и четврток и 8-ми мај, на репертоарот е комедијата „Вечера за глупаци“ на Ненад Витанов по текст на Францис Вебер. Со тоа што втората претстава ќе се одигра во Гевгелија, град на културата за 2025 година. Додека на 10 и 20 мај е новата комедија „Госпоѓа министерка“ по текст на Бранислав Нушиќ а во режија на Синиша Ефтимов. Од тековните претстави на 13 мај ќе се прикаже дуо драмата „Паника“ со Стефан Николовски и Филип Христовски а на 21 мај „Мајка “ на Флоријан Зелер во режија на Јордан Витанов.
Од театарот дополнуваат дека се можни измени во репертоарот.