Микробиологот д-р Флорентина Шурбевска реагира, една година е изгубена за спас на езерото Младсот, бидејќи досега требало да се отстранат трската, дрвјата и алгите од водата

Петар Печков

Една година е залудно потрошено време за решавање на проблемот со водата на езерото Младост, кога не се преземени итни мерки. Ова е реакција на д-р Флорентина Ристовска  Шурбевска сци микробилог, долгогодишен директор на Центарот за јавно здравје Велес, сега во пензија. 

„Можеше за оваа измината година барем да се исчистеше трската и скапаните дрвја од крајбрежјето и алгите од површината на водата. Штетата ќе беше помала“ – вели д-р Шурбевска. 

Таа стручно објаснува што се случи изминатиот период со водата во акумуалцијата, поради која истата не се препорачува за капење, наводнување, полевање и рекреација. 

„Поради зголемените температури на водата и присуството на минерали, доаѓа до зголемување на некои видови алги во големи количини и се  создава биомаса над 5 мг/ м3 по што доаѓа до промена на бојата и матност на водата. Колку повеќе се создаваат овие прилагодени модрозелени алги, толку повеќе изумираат и на површината од нив се создава воден цвет. Со тоа се намалува присуството на растворен кислород во водата и доаѓа до забрзано угинување на микроорганизмите а и рибите“ – изјави д-р Ристовска Шурбевска. 

Досега во велешко езеро не се случил поголем помор на риби, но има регистрирано повеќе помали инциденти на случаи на  угинати примероци на риба. За оваа преку фотографии реагираа спортските риболовци.

„Изумрениот  биолошки материјал на површината,  доколку не се отстрани се таложи на дното и со текот на времето се претвора во тиња,а самото езеро во мочуриште.Овој процес е познат како стареење на езерата и се случува со Дојранско, со Преспанско –поради големата загуба на вода. Во велешкото  е последица на зголемено присуство на азот и фосфор, приливот на овие елементи е од човекот, преку водите кои доаѓаат од сливното подрачје“ – кажа д-р Ристовска Шурбевска.  

Ниту новите анализи на квалитетот на водата од акумулацијата езеро Младост, не носат промени. Водата не е за капење, наводнување, полевање и рекреација, оти по неа плива биомаса, од  изумрени маси на алги, трски.

Се додека не се открие со анализа на водата дали таму има цијанотоксини, таа е неупотреблива и некорисна. А веќе е познато дека има цијанобактерии, но не сите ги лачат цијанотоксините.

И по една година од констатирањето на лошиот квалитет на водата, никој не презема мерки, таа да се испита. Една анализа на четири параметри, за присуство на цијанотоксините во Институтот за јавно здравје во Белград чини 110 евра. 

Микорибиолошките анализи извршени од Центарот за Јавно здравје Велес,на трите плажи  од езерото покажуваат дека е добра, нема фекалии, а физичко хемиските дека има присуство на амонијак од петта највисока класа.

Во македонската Уредба за класификација на водите, нема која е горната граница за негово присуство.   Според стручните лица, високото присуство на амонијак е резултат на распаѓањето на изумрените алги и трски во водата. 

Владата издвои 10 милиони денари, за решавање на проблемот. Тие биле   наменски, за бушотини за дотур на вода, за чистење на површината и за промена на вентилот на браната. Општина Велес издвоила три милиони денари за чистење на коритото на Отовичка река

Поврзани »

РОНТИС ВРАБОТУВА

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ Велес, која е дел од Швајцарска мултинационална корпорација активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала има потреба да вработи:
Техничар за одржување
Магационер
Оператори за производство на крвни линии

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Како ги поднесувате пеколните температури, кои стасаа до 41 степен?

  • не излегувам од дома
  • се освежувам во базените од хотелите/ градски базен
  • додека е рано претпладне се завршуваат обврските
  • и на ова време мора да се живее
Резултати