Михов и Панова трети на маратонот и полумаратонот во Врање

Петар Печков

Велешките атлетичари имаа успешен настап , во неделата во Врање. 

Таму се трчаше маратон и полумаратон, каде трето место во овие конкуренции, во апсолутна а категорија освоија двајца велешани.

Трајче Михов 42 км ги истрча за 3:31  часа, додека Ангелина Панова полумаратон 1:50 час. Ова беше прв маратон кој го организираше градот Врање.

На него учествувале 150  тркачи,  а се трчало по градските улици.  Панова освои трето место меѓу 45 учеснички а Михов  меѓу 36 тркачи. Учестувале тркачи од Македонија, Словенија,  Велика Вританија, Холандија, Србија.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

  • да
  • не
Резултати