Младите кои се враќаат од работа на крузерите и возачите на камиони кои доаѓаат од странство, сами да се изолираат

Петар Печков

Кај велешани се јави дилемата за млади сограѓани,  кои се враќаат со работа од крузерите, бидејќи повеќе не пловат, но и за возачите кои се враќаат од странство. Дали овие лица можат да го донесат корона вирусот?  Епидемиолог примариус  д-р Билјана Трајкова одговори дека овие  лица сами треба да се изолираат. 

Сите тие треба да се самоизолираат дома, сами без да се најават. Нема потреба да се јавуваат кај нас во Центарот за јавно здравје.  Доколку се јави некои од симптомите, тогаш треба да побараат помош. Треба да останат во самоизолација 14 дена  - изјави  д-р Трајкова. 

МВР отвори бесплатна телефонска линија - 0800 00 201 за прашањата кои се однесуваат околу корона вирусот, на протоколите за регулирање на сообраќајот на товарни возила, транзитирањето низ нашата држава, функицонирањето на граничните премини како и за информации поврзани со постапката за излекување на државјани на нашата земја кои се заглавени во некоја од странските земји и пријави за непочитување на препораките и одлуките донесени од страна на Владата.

Поврзани »

РОНТИС ВРАБОТУВА

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ Велес, која е дел од Швајцарска мултинационална корпорација активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала има потреба да вработи:
Магационер
Оператори за производство на крвни линии
Оператори за производство на црева (оддел за екструзија)
Детали

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Каде го минавте летово?

  • дома
  • Грција
  • Црна Гора
  • Охридско езеро
  • Хрватска
  • Албанија
  • Турција
  • Бугарија
  • Дојранско езеро
  • Бугарија
  • На планина
  • На базените во градов
Резултати