Петар Печков
Објавено: четврток, 18 септември 2025
Многу институции се вклучени во проблемот со случаите на семејно насилство и тешко е да се констатира кој потфрлил во следењето на состојбата на жртвите. Ова го велат правниците, адвокатите, кои ги застапуваат жртвите на семејно насилство. Тоа е семејна постапка, поврзана со семејните односи, нарушените односите на партнерите, каде последните години влијанија имаат надворешните фактори.
„Проблемот не е едноставен, бидејќи во неговото решавање учествуваат премногу страни. Центар за социјални работи, јавно обвинителство, МВР, адвокати, странки, суд, оштетени, жртви, сведоци..За да се најде каде е пропустот, потребно е да се констатира кој не го извршил потребниот надзор, не биле преземени одредени дејствија во постапката. Семејното насилство е сложена постапка, поврзано со семејните односи. Не ретко употребата на дрога, зависност, алкохол, потоа користење брзи кредити, обложувалници, коцкарници, казина, доведува до нарушени односи внатре во семејството, до степен на неподносливост, кој потоа ескалираат. Потребен е длабок пристап, секој случај од семејното насилство е различна и засебна животна приказна. Потребна е длабока анализа, дали кај посоченото лице мерките воспитно влијаеле или не. Штом има едно прекршување на времетните мерки, ќе има ново, следи трето и така во маѓепсан круг. Службите треба да констатираат дали кај сторителот има каење, дали е тоа вистинско или декларативно. Има ли омраза, намера да продолжи да го прави, да се осветува, тогаш мора да се пременуваат поригорозни мерки“ – кажа Гроздан Сутинов, адвокат од Велес, кој има 20 годишно искуство во оваа проблематика.
Жената е најчесто жртвата при семејното насилство, потоа се децата и има случаи со мажите. Но жртвите тешко го препознаваат почетокот на семејното насилство. Насилствоти не е само физичко удирање, има и други форми, економско, емоционално, психичко, сексуално.
„Битно е да се препознаат првите знаци за рано да се открие и да се избегнат следните настани, и избегне ситуација која може да се случи, состојбата да ескалира. Жртвата, жената може да се заштити ако разговара со некој нејзин близок, во кој има доверба. Има можност за психолошка поддршка, во различни институции, граѓански здруженија, каде е бесплатна. Може да се јави и на С.О.С. линијата“ – вели психологот Василија Јорданова.
„Удирањето шамарница не е шега, како што сака да претстави сторителот. Тоа е предупредување за контрола врз жртвата. Сторителите имаат тенденција да ги изолираат жртвите од средината, да нема каде да се обратат, да нема каде да побараат помош и да продолжат со нивните постапки. Сторителот ја омаловажува жртвата, ја навредува и тоа го прави пред други лица, со цел да покаже дека не е вредна“ – дополни Јорданова.