Наградата најдобра млада актерка на Фестивалот МЕСС во Сарево за Јована Миладинова, за настапот во претставата Едвард Втори

Петар Печков

Награда за најдобра млада актерка “Рејхан Демирџиќ” на Фестивалот МЕСС во  Сараево, БиХ, ја доби  Јована Миладинова за улогата на Изабел де Валоа во претставата “Едвард Втори” во режија на Андриј Жолдак копродукција на велешки театар Јордан Хаџи Константинов Џинот и Драмскиот театар од Пловдив Бугарија.

Јована е студентка на факулетот ЕСРА. Жирито на Фестивалот на мали и експериментални сцени во Сараево МЕСС беше во состав Изудин Бајровиќ актер, Горчин Стојановиќ режисер, Ана Вукотиќ режисерка.  Во образложение за наградата напишаа дека Јована Миладинова, како Изабела, ја носи претставата „Едвард Втори“ на своите младешки, кревки, но театарски моќни рамена.

„Актерката Миладинова прави застрашувачкото барање на оваа физички, емотивно и психолошки вонсериски тешка изведба да изгледа лесно и едноставно, речиси лелеаво. Тоа го постигнува со највисок степен на концентрација, прецизност, посветеност, актерска храброст - речиси дрскост, објавувајќи ја на тој начин својата исклучителна дарба, која несомнено ќе трае и во нејзините идни улоги“пишува во образложението.

Фестивалот МЕСС годинава се одржа по 64 и важи за еден од највлијателните во регионот.

Ова е трета награда на Јована Миладинова за ролјата на Изабела во „Едвард Втори“ по наградата за искучително уметничко остварување на “Сцена на Крстопат” во Пловдив,  Бугарија, и Награда за млад актер “Трајко Чоревски” на МТФ “Војдан Чернодрински”, Прилеп.

Следната изведба на “Едвард Втори” е на Меѓународниот театарски фестивал во Никшиќ, Црна Гора, следниот месец.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Откако Србија и Хрватска го вратија задолжителниот воен рок, во Грција и Турција е исто така задолжителен , дали во Македонија треба да има задолжително служење војска?

  • да
  • не
Резултати