На Техничко- технолошки факултет примени пет студенти бруцоши

Петар Печков

Петмина студенти бруцоши се примени на отсекот нутриционизам, од Техничко -Технолошкиот факултет, кој работи и постои во Велес. Четворица од нив се во државна квота и еден е во специјална. 

На  факултетот има отсек прехранбена технологија и биотехнологија и за нутриционизам каде имаше  слободни по 20 места во државната квота и по пет на двете насоки за вонредни студенти, или вкупно 50 бруцоши. 

Факултетот работи во рамките на Универзитетот Св. Климент Охридски од Битола.   Партиципацијата е 200 евра за државната квота. Наставата трае осум семестари. Следното пријавувањето на кандидатите е на   15-ти  и 16-ти  септември и на  27-ми  септември.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Како ги поднесувате пеколните температури, кои стасаа до 41 степен?

  • не излегувам од дома
  • се освежувам во базените од хотелите/ градски базен
  • додека е рано претпладне се завршуваат обврските
  • и на ова време мора да се живее
Резултати