Петар Печков
Објавено: четврток, 17 јули 2025
Зголемена е потрошувачката на вода за половина повеќе отколку во месец мај. Ова е информацијата коај ТрМр ја доби од ЈКП Дервен, за тоа каква е состојбата со потрошувачката на вода во Велес.
„Во првите две седмици од јули потрошувачката во текот на денот се движи од 220 до 230л/сек. а во текот на ноќта околу 200л/сек. Во мај просечната потрошувачка на вода за цел месец изнесуваше 153л/сек. Во јуни просечната потрошувачка на вода за цел месец изнесуваше183л/сек.“ – информираа од ЈКП Дервен.