На младите им е потребна ЕУ

Петар Печков

Една од главните цели на Европската Унија промовира активност на младите, одговорно граѓанство и подобри можности за образование, вработување и квалитетен спорт - кажа на денешната прес конференција  на ОО на СДСМ Велес, Клементина Војдиновска 

Младите европјани, европските граѓански движења, владини агенции и експерти учествуваат во постојани консултации за политичките цели и праксата на поле на европската младина. Европската Унија  го поттикнува развојот на младите, преку развој на младинските асоцијации, мрежи и иницијативи и стимулира меѓународна соработка меѓу младинските организации. Европската Унија создава етички, безбеден и здрав спорт, спорт достапен за сите, преку најширока можна соработка и соодветна распределба на одговорностите помеѓу владините и невладините организации.

Постојат блиски врски меѓу физичките вежби и здравјето и затоа Европската Унија вложува огромни средства во развојот на спортот.

Европската Унија ја одликуваат и повеќе Конвенции во областа на спортот, како што се : Конвенцијата за анти-допинг, Конвенција за ненасилство на навивачи и лошото однесување на спортските натпревари и тн.

Европската Унија е семејство на модерни и цивилизирани граѓани, на среќни млади луѓе со светла иднина и неограничени можности за напредок и развој, млади луѓе на кои им е достапен спортот и спортувањето во најмодерни спортски центри, изградени по најмодерни стандарди - рече Војдиновска.

Таа ги повика граѓаните да излезат на 30-ти септември и го дадат нивниот глас ЗА Европска Македонија. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати