На паркингот поставени тезгите, од недела е во функција на пазар (фото)

Петар Печков

На паркинг просторот, спроти спортската сала Благој Кирков поставени се тезгите, каде времено ќе се одвива продажбата на непрехранбени производи. Вкупниот простор на паркингот, кој времено, додека се гради горниот дел од пазарот, ќе биде пазар,  е  3,1 м2 на кој денес беа  поставени 106 тезги, просторот е заграден,  а од локалната власт најавија ќе има чешма и санитарен јазол.

Од ЈКП Дервен  најавија дека овој пазар ќе биде во функција од недела. Истовремено од горниот дел на Градскиот пазар, каде што наскоро ќе започнат градежните работи, производителите на земјоделски култури се префрлени на долниот дел, исто како и сопствениците на тезги кои продаваат железарија, текстил, керамика а имаат свои фирми. Тие ќе работат на долниот дел од пазарот.  

Ова решение е врз основа на  за времено утврдување простор со намена за времен пазар на отворено за продажба на производи, донесено од Советот на Општина Велес.

Според  одлуката на Советот ваквата времена трговија на мало на предложениот простор ќе трае се до целосна изградба на затворениот пазар и негово пуштање во употреба.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес

АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

Дали Општина Велес да се задолжи со 46 милиони денари, за да се изгради покриен Градски пазар?

  • да
  • не
Резултати