На стотина метри од полициска станица, исечен дрворед од 14 млади садници, никој ниту видел ниту слушнал

Петар Печков

Дрворед од 14 млади садници се исечени, а сторителот е засега непознат.  Дрвјата кои беа засадени во текот на минатата пролет, на улица „АСНОМ“  покрај оградата на силосите на Маслодајна некој ги исекол а при тоа не оставил никаква траг. Ги собрал исечените делови од садниците, кои биле во одлична вегетациска состојба.

„Инцидентот се случил ноќта помеѓу 29-ти и 30-март. Исечените  садници се со пила. Извршен е увид од страна на општинскиот комунален инспектор а сторителот не е пронајден. Сечењето дрвја е злосторство и кон природата и кон нас граѓаните. Сечењето на садниците  е сторено со намера“ - кажа на прес конференција градоначалникот Аце Коцевски.

Соседите кои живеат во близина не виделе ниту слушнале  било што, критичната вечер, кога се случило сечењето, во време на полициски час.Безбедносните камери кои се во близина на местото, не го регистирале сечењето на дрвјата. На стотина метри од местото е и полициската станица на СВР Велес.

Градоначалникот Коцевски соопшти  дека во пролетниот период во градот се засадени 260 високи повеќегодишни листопадни дрвја на повеќе  локации -Еко камп на езерото Младост, Градскиот парк, паркот  пред Гимназијата, паркот пред општинската зграда.

фото архива ТрМр

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес

АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

Дали Општина Велес да се задолжи со 46 милиони денари, за да се изгради покриен Градски пазар?

  • да
  • не
Резултати