На шест улици од градот се менува фекалната канализација (фото)

Петар Печков

Се изведуваат градежни активности за реконструкција на фекална канализација на улиците „Страшо Пинџур“, „Гоце Делчев“, „Никола Оровчанов“ и „Илинденска“ во должина од 400 метри. Реконструкцијата на фекалната канализација е во вредност од 5.8 милиони  денари

Се реконструира и фекалната канализација на улицата „Јовче Ќучук“ и дел од улицата „Орце Шутев“ во должина од 350 метри. Реконструкцијата е со вредност од 5.3 милиони денари.

И двете реконструкции се  финансирани од Министерството за транспорт и врски, со проект  за реконструкција на водоводни и канализациони линии на територија на Општина Велес.

Изведувач на градежните работи на двата проекти  е фирмата „Делта Пром Инг“

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати