На 32 летна крводарителска акција собрани се 86 крвни единици

Петар Печков

На големата летна крводарителска акција во Велес собрани се 86 крвни единици. Четворица од нив се првократни дарители. Ова е резултат на дводневната акција кој се реализираше во неделата и понеделникот во просториите на Европската куќа, или поранешното кино 11 Октомври.

Годинава таа се организира по 32 пат и вообичаено во август поради намалениот фонд на крвни резерви во летните месеци, од бројните сообраќајки во овој период од годината.

Организатор беше Општинската организација на Црвен крст Велес, Заводот за трасфузиона медицина Скопје.  Уште на крајот на месец јули годишниот план за крводарување во Велес, заедно со Чашка и Градско е од 1891 крвна единица е натфрлен и собрани се 1936.

Поврзани »

Покренување иницијатива за прибирање предлози за доделување на Деветоноемвриски признанија и награда за животно дело „Гемиџии“ за 2024 година

Комисијата за општествени дејности покренува иницијатива за прибирање предлози за доделување на Деветоноемвриски признанија и награда за животно дело „Гемиџии“ за 2024 година. Детали

Покренување иницијатива за прибирање предлози за доделување на награда на Општина Велес за најстудент „Проф.д-р Ѓорги Шоптрајанов“ за 2024 година

Комисијата за општествени дејности покренува иницијатива за прибирање предлози за доделување награда на Општина Велес за најстудент „Проф.д-р Ѓорги Шоптрајанов“ за 2024 година.

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Каде го минавте летниот одмор?

  • дома
  • на Охридско езеро
  • Грција
  • Црна Гора
  • Хрватска
  • Албанија
  • Турција
  • на Дојранско езеро
  • на планина
  • Бугарија
Резултати