Петар Печков
Објавено: понеделник, 29 декември 2025
Во Велес нема да има новогодишен огномет. Ова беше одговорот на градоначалникот Марко Колев, на поставеното советничко прашање од Димче Ацков.
„Дали ќе има огномет на Зимскиот фестивал а откако други градови ги откажаа по барање на здруженијата на љубители на животните“ -праша Ацков.
И родителите на деца со Даунов синдром бараа да нема огномет, оти на него реагирале децата.
„Нема да има огномет на Зимскиот фестивал“ -одговори кратко Колев.
Огнометот се одржуваше на завршната вечер на Зимскиот фестивал, при настапот на музичка ѕвезда.
фото Општина Велес
