Нивото на реката Вардар низ Велес, во пораст

Петар Печков

Нивото на реката Вардар низ Велес е во пораст. Вчера било 90 см, утрово во 7,30 140 см а попладнево во 15ч. 142 см. Ова е податоци од одделението за хидрологија при УХМР. Просекот за јануари е  86 цм. Ова зголемено ниво  е резултат на обилните врнежи кои ја зафатија пред се Западна Макеоднија. Но се очекува дека нивото низ Велес да биде и повисоко, бидејќи северно нивото е осетно зголемено, пред се во Јагуновце.  Големо ниво има и реката Треска.

Во текот на вчерашниот ден, недела за 24 часа во Велес наврнаа 15,4 литри на м2. 

Високо ниво има и реката Бабуна низ Богомила, каде утрово се измерени 50 цм. наспроти 22 вчера а просекот за јануари е 15 см. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали сте за враќање на платениот паркинг во Велес, за надминување на проблемот со паркирањето?

  • да
  • не
Резултати