Петар Печков
Објавено: вторник, 28 октомври 2025
Нивото на реката Вардар низ Велес утрово се искачи до 138 цм . што е двојно повеќе од вчера утро кога беа измерени 70 цм. Прoсекот за октомври е 57 цм. Ова е информација од Управата за хидро метеоролошки работ и на Макединија. Се мери во 7,30 часот а мерното место во Велес е на Стар мост.
Двојно повисокото ниво се должи на обилните врнежи кои ја зафатија Македoнија во неделата цел ден и понеделникот наутро. Не постои од можност за излевање на Вардар во Велешко, оти податоците од мерните инструменти на реките пред Велес покажуваат паѓање на нивото.
Таков   е случај  со  нивото  во  Јегуновце и во  Скопје.  Единствено реката Пчиња е со зголемен  ниво  кај  Катлановоска бања и тоа од 98 цм што е двојно повеќе  од  недела кога беа измерени  51 цм а просекот е  34 цм.
Водениот   бран ја  минал  Богомила и нивото  на  реката Бабуна од  вчерашните 60цм.  денес  падна на 26 цм.  
 
                                     
                                     
                                     
                                     
                                     
			
		 
			 
			
