Петар Печков
Објавено: понеделник, 27 октомври 2025
Автомото сојузот на Македонија (АМСМ) информира дека на автопатот Скопје-Велес после патарина Сопот, а пред тунелите кај Башино село поради одрон на левата коловозна лента сообраќајот се одвива по десната коловозна лента.
Од Авто-мото сојузот на Македонија соопштија дека во меѓувреме на истото место се случиле две сообраќајни несреќи, во кои нема повредени, туку е причинета само материјална штета.
Според АМСМ на терен интервенирала велешката полиција.
Информацијата на АМСМ е од 7 часот утрово.
Сообраќајот кој беше во прекин поради одронот кај Башино село пред тунелите после патарина Сопот е нормализиран околу 12 ч. и се одвива по двете коловозни ленти, соопштија од АМСМ.
 
                                     
			
		 
			 
			
