Опожарена куќа на ул. Живко Фирфов во Велес

Петар Печков

Пожар во куќа на улица „Живко Фирфов“, избувнал вчера, недела  попладне, кој бил  го пријавен   во Територијалната противпожарна единица Велес, пишува во билтенот на ТППЕ Велес.

„На ден 21  јули, недела во 19:05 примена е дојава за запалена куќа на ул. Живко Фирфов. Територијалната Против Пожарна Единица Велес излезе на лице место со две  противпожарни  возила и седум  пожарникари спасители. Благодарение на навременото пријавување на пожарот и брзото пристигнување на нашите колеги, пожарот е затекнат во почетна фаза и брзо е ликвидиран“- сооптија од ТППЕ Велес.

 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Како ги поднесувате пеколните температури, кои стасаа до 41 степен?

  • не излегувам од дома
  • се освежувам во базените од хотелите/ градски базен
  • додека е рано претпладне се завршуваат обврските
  • и на ова време мора да се живее
Резултати