Петар Печков
Објавено: среда, 09 август 2023
Велес е една од седумте општини во Македонија која врши комбинирано и земјено и воздушно прскање против комарци, од 48 колку што годинава презеле мерки за нивно уништување. Ова го покажува истражувањето спроведено од Центарот за граѓански комуникации.
Во Македонија 35 општини со бореле со комарците од земја, односно имале тендери за т.н. терестичко прскање. Други шест општини, пак, се справувале со комарците од воздух, односно имале тендери за т.н. авионско третирање. Тендери за справување со комарците имале 39 општини и еден плански регион со 9 општини. Bкупно 48 општини годинава презеле мерки за уништување на комарците. За борбата со комарците, општините годинава платиле 770 илјади евра.
Општина Велес потрошила без малку два милиони денари за авионско прскање, кое на аукција го добила фирмата „Бониер“ од Куманово, додека за терестичкото прскање, од земја, на тендерот победил Центарот за јавно здравје од Скопје со вредност од 56 илјади денари. Или вкупно Општина Велес платила 2,056 милиони денари. Прскањето против комарци е општа мерка за заштита на населението од заразни болести.
Општина Велес врши три пати авионско прскање и два пати прскање од земја, второто е наесен. Не може да се споредуваат издвоените средства по општини, бидејќи некои, како Општина Велес тоа го прават по пет пати во годината, други имаат помалку третирања.
Општина Чашка преку тендер платила 254 илјади денари за авионско прскање против комарци кое го врши фирмата „Бониер“ од Куманово.
Општина Градско платила 205 илјади денари но таму е за дератизација и за дезинсекција а го врши Центарот за јавно здравје Велес.