Ослободителна пресуда за претседателот на Агро синдикат за сообраќајка во која почина совозачот

Петар Печков

Претседателот на Агро синдикатот Живко Даневски (64 год) е ослбоден од вина за сторената  сообраќајка, во која почина едно лице, сопатник во возилото.

Со пресуда на Основен суд Свети Николе, Даневски не е виновен за кривичното дело  ,,тешки дела против  безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ за што беше  обвинет од страна на ОЈО Свети Николе.   

Во пресудата пишува дека ,,причината за настанување на сообракјната незгода е невнимателното  управување со возилото од страна на обвинетиот со брзина од 107,48 км/ч кога обвиентиот ја изгубил контролата над автомобилот и слетал надвор од коловозот,,.

Во моментот кога ја совладувал  кривината со брзина од 107,48 км/ч  излетал, од  за судот непознати причини со дополнување - ,,како да задремал или се исклучил со вниманието над управливоста над возилото, зборување на мобилен телефон, разгледување на околината, разговор со сопатникот,палење цигара, зафатеност со радиото и др. па  ја изгубил контролата над возилото,,.   

Сообраќајната незгода излетувањето на автомобил марка ,,Шкода Супер Б,, се случи на  31.-ви март лани, околу 15,10 ч на магистралниот пат Велес-Штип, близу селото Лозово. Иако патот бил  сув и чист,  автомобилот излетал во  кривина.

Според обвбинението во моментот на слетување возилото се движело со брзина од 107,48км/ч, истото се превртело неколку пати на кровот и пак застанало  на тркала, од кое превртување со тешки телесни повреди на главата  се здобил сопатникот Љ.М. и го загубил живототна лице место. Даневски  кога го управувал возилото не поседувал алкохол во организмот  било  утврдено со анализа на крв и урина. 

Бранителите на обвинетиот тврдат дека на  местото каде се случила сообраќајната незгода не постоел сообраќаен знак за ограничување на брзината на движењето на моторните возила. Пресудата не е правосилна. 

loading...

Поврзани »

loading...

Фестивал на велешка пита и  вино 2018

ЈАВЕН ПОВИК – ПОКАНА ЗА УЧЕСТВО за манифестацијата „Фестивал на велешка пита и  вино 2018“

Детали

Macedonian butterfly

Македонска пеперутка (Филигран од хартија) Уникатна врамена слика со македонски мотив. http://anicasoleva.com/Handmade/Product/macedonian-butterfly-paper-filigree-framed-picture

Posted by Anica Soleva - Уникатни подароци од хартија on Sunday, January 8, 2017


АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

Дали ВАР технологијата воведена на ова СП во фудбал, придонесе тоа да биде поправедно?

  • да
  • не
  • не го следев СП
Резултати