Палел стрниште, изгорела пилана

Петар Печков

СВР Велес поднесе кривична пријава против Б.А.(48) од велешкото село Богомила, за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност„.

Пријавениот, на 09.08.2010 година, со цел да исчисти претходно окосена трева на нива за што се договорил со сопственикот на нивата, ја запалил сувата трева, а по гаснење на пламенот, го напуштил местото.

Со оглед дека на истата нива имало поставено и пилана и остатоци од струготини, истите се потпалиле и во наредните денови, оганот се проширил при што изгореле околу десет кубни метри отпадно бичено дрво и 12 родни дрвја.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Кој ќе биде нов светски првак во фудбал?

  • Англија
  • Аргентина
  • Бразил
  • Германија
  • Португалија
  • Франција
  • Шпанија
  • некоја трета репрезентација
Резултати