Повторно е отворена канцеларијата на Катастарот во Чашка

Петар Печков

Реактивирана е  канцеларијата на Агенцијата за катастар на недвижности во општина Чашка, која  неколку години по отворањето не работеше. 

„Со ова, над 7.500 граѓани повеќе нема да мораат да патуваат до Велес за да поднесат барање или да користат услуги од Катастарот – тие повторно се достапни директно во нивната општина“– кажа директорот на Агенцијата, Иван Живковски, кој денес ја посети канцеларијата.

Повторното отворање на канцеларијата е дел од поширокиот процес на реорганизација и приближување на институцијата до граѓаните

„Континуирано работиме на приближување на услугите до граѓаните и подигнување на нивниот квалитет, за поефикасна, подостапна и поблиска институција“- изјави Живковски.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Како го оценувате, колку сте задоволни од решението за уредување на централното градско подрачје?

  • 5
  • 4
  • 3
  • 2
  • 1
Резултати