Пожар на Којник, опожарена куќата на Маневи

Петар Печков

Понеделникот  напладне пожар уништи дел од домот на семејството Маневи на Којник.   Во моментот кога пламнал огнот, куќата била празна, немало никој.  Соседите бргу реагирале повикале пожарна и сами почнале да го гаснат огнот.  

Според велешката полиција   огнот бил предизвикан од запалено ќумбе во домот на Маневи, причинетата е незначителна материјална штета.  Сопственичката објаснува дека  таа била отсутна кога се случил пожарот.

Излегов да купам лекови,  оти сабајлето се вратив од болница во Јасеново. Пола дрвце беше во огинот  од ќумбето. Ова е се што имаме со синот, кој е во болница во Скопје – изјави сопственичката Љуба  Манева. 

Таа и синот се пожали дека   живееле со социјална помош од   1,5 илјади денари. Огнот тешко можел да се локализира се работело од 11,50 кога бил пријавен до 15,30 ч. Улицата била  тесна па можело да се пробие  само од мало теренско возило.  

Од противпожарната единица велат дека се спасени соседните куќи и дека и куќата на Маневи не е целосно оштетена иако имале тешки услови за работа.   Огнот зафатил и дел од соседната куќа на Јованка Петрова која исто така била   празна, но имала оштетен телевизор и дел од покуќина. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати