Полицајци физички нападнати од крадец, кој бил уапсен додека извршувал кражба

Петар Печков

Ноќеска во Велес бил уапсен крадец, кој од страна на полицајците бил  фатен на дело како го извршува делото. Но при апсењето тој ги нападнал полицајците и тие се здобиле со повреди. МВР со детали за инцидентот, кој се случил во близина на зградата на Повардарска Епархија.

„На 29-ти октомври  во 22,30 часот во Велес полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода А.Д.(20) од Велес, кој бил затекнат при вршење на кривично дело кражба, во куќа на ул. Ѓоре Органџиев, а потоа и физички нападнал полициски службеници“ - соопштија од МВР.

Двајцата полицајци кои го уапсиле сторителот, побарале помош од  лекар во велешка Болница. Имале модринки и повреди по лицето, од здобиените удари.

„Околу полноќ две службени лица, полицајци побарале лекарска  помош на хируршко одделение. Дваесет годишникот има лесни повреди на лицето и шаката исти како и неговиот колега  на 25 годишна возраст. Лекарски двајцата повредени се обработени, немаат тешки повреди и се пуштени на домашна нега“ - кажа  д-р Елена Левкова Ќулумова, портпарол на велешка Болница.

Од полицијата додаваат дека по целосното документирање на случајот против сторителот  ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати