Полицијата повеќе нема да ја чува рибата на езерото Младост, концесијата ја доби ЗСР ,,Бабуна,,

Петар Печков

Откако рибниот фонд на езеро Младост две години беше без концесионер, од неодамна ЗСР ,,Бабуна,, од Велес ја доби концесијата.  Во август 2018-та истече концесијата на претходниот корисник,  по што Министерството за земјоделие и водостопанство, лани распиша конкурс,  кој беше неуспешен. На повторениот годинава, концесијата за рибниот фонд ја доби најстарото велешко риболовно друштво, и тоа во период од следните шест години.

Со концесијата  имаме обврска да се грижиме и со порибување да  го  обновуваме  рибниот фонд. Но и еколошка обврска, зачувување на квалитетот на  водата. Потоа треба да водиме грижа, да контролираме да нема ловење со мрежи, да нема криволов- рече Даниел Наумовски, претседател на натпреварувачка комисија на ЗСР ,,Бабуна,,.  

Понудениот услов со кој ја добија концесијата,  бил 11 отсто од секоја издадена  риболовна дозвола, да  вложат во грижата за рибниот фонд,  преку порибување, како и  вработување на уште еден рибочувар. Изминатиот период, кога немаше концесионер, рибата на езеро Младост ја чуваше од криволов, полицијата.

Поврзани »

ВОНРЕДНА КРВОДАРИТЕЛСКА АКЦИЈА ВО ВЕЛЕС

Почитувани, велешани, почитувани крводарители!
Поради вонредната состојба во државата има ниско ниво на залихи со крвни единици. Затоа Општинскиот црвен Црвениот крст на Велес во соработка со Институтот за Трансфузиона медицина се одлучи во Велес да се одржи ВОНРЕДНА КРВОДАРИТЕЛСКА АКЦИЈА. Детали

АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

Дали граѓаните ги почитуваат препораките за заштита од корона вирусот, да останат дома, да има растојание кога се чека во редица пред банка, маркет?

  • да
  • не
Резултати