Помалку благо во храната за децата од градинката и учениците во Интернатот, препорача д-р Петрова од Центарот за Јавно здравје

Петар Печков

Храната која ја консумираат децата во градинките, во ОУ Блаже Коневски и средношколскиот интернат „Лазар Лазаревски“ од Велес, одговара на пропишаните препораки, велат стручните лица од Центарот за јавно здравје. Но потребно е да се скрати благото кое е на менито.  Според оброците, потребните 75 отсто  од вкупните дневни потреби на   биолошка вредност  на храната кај  децата,  кои посетуваат градинка ги добиваат таму.

„Просечните енергетски вредности одговараат во однос на возрасниот норматив од 4 до 6 години,  просечна содржина  на макронутреини –белковини, масти, јаглен хидрати одговараат на препораките, од минералите недосига бакар и цинк. Во однос на продуктите кои им се даваат на децата со храната има избалансирана исхрана. Советувано е да добиваат повеќе интегрални теста, да се одбегнува белото брашно. И да се дава храна која е корисна а не што децата сакаат. Конкретно што помалку благо. Ако се подготвуваат пудинзи, сутлијаши да биде со малку употребен  шеќер“ – кажа   д-р Снежана Петрова, специјалист по храна.

Неодамна стоматологот д-р Анита Солева, која со колешките ги врши систематските прегледи на забчињата кај децата за упис во прво одделение, кажа дека  тие имаа лош квалитет на забите.    

„Состојбата на забите од децата од предшколска возраст  е лоша. Потребно е да се променат лошите навики кај децата,  да се намали конзумирањето на чоколада“- кажа  стоматолог д-р  Солева.  

Слична е состојбата и со храната која ја добиваат учениците од средношколскиот интернат „Лазар Лазаревски“, каде на менито било присутно благо.

„Недосигаат минералите бакар и цинк . Треба  да се употребуваат интегрални житарици да се избегнуваат благите десерти“- рече д-р Петрова.  

Во храната во  ОУ Блаже Конески бил  намален внесот на  Б1, Б12 витамини и минерали.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Откако Србија и Хрватска го вратија задолжителниот воен рок, во Грција и Турција е исто така задолжителен , дали во Македонија треба да има задолжително служење војска?

  • да
  • не
Резултати