Понеделник во 11,29 доаѓа пролетта

Петар Печков

Астрономски пролетта доаѓа во понеделник 20 март во 11,20ч. Тогаш и велиме збогум на зимата, која во еден дел беше кочан ладна.  Сонцето во Велес ќе изгрее во 5.38 а ќе зајде во 17.43 ч. Денот трае 12ч. 05 минути. Во тој момент на Јужната хемисфера настапува есента.  

Според долгорочната прогноза на стручните лица, на  Балканот не очекува топла пролет. Пролетта завршува на 21 јуни, кога во 4 часот и 24 минути на северната полутопка почнува летото. 

Според   http://www.accuweather.com  по најстудената зима последните 10-тина години, оваа пролет следат временски услови блиски до вообичаените за овој период, блиски и до просекот.  

Од средината на март до средината на месец мај, ќе има чести промени на времето, типични за пролет со сонце и дожд.  Во средината на април месец ќе има влез на постуден воздух од Северна Европа, кој неколку дена ќе предизвика бури на Балканот.  Но не се очекуваат високи температури, кои изминатите години беа присутни во мај месец.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати