Пораст на инвестициите во инфраструктурата на локално ниво, иако приходите во Општината опаѓаат

Петар Печков

Измината 2020-та година, локалната власт инвестирала   89.8 милиони денари  средствата од буџетот во изградба на нова и обнова на постојната инфраструктура. 

Тоа  е за 21,15% повеќе отколку во  2019 година кога инвестирала 70.8 милиони денари  и за 27,63% повеќе од 2018 година, кога  инвестирала 65 милиони денари. Општината бележи раст на вложувањата во инвестиции во локалната инфраструктура, иако од година во година, опаѓаат општинските приходи.

Лани имало  772 милиони со што Буџетот е исполнет за  69%, во 2019-та имало реализација од  78 отсто, во 2018-та  73 отсто, во 2017-та 74 отсто. Ова го кажа на денешната прес конференција градоначалникот Аце Коцевски.  

„Финансиските податоци за 2020 година на Општина Велес покажуваат дека минатата година во Велес многу повеќе се градело во споредба со претходните години.  Наспроти сите критики, фактите и бројките го говорат спротивното. Минатата година реализиравме голем број проекти за изградба и реконструкција на улици, водоводни и канализациони системи во градот и населените места,  нови сообраќајни решенија како и уредување на индустриските зони. Сето ова успеавме да го оствариме во услови на една од најголемите светски кризи во историјата, пандемијата на ковид-19, чии последици се уште ги трпиме“ - рече Коцевски.

Но освен што работела и инвестирала, Општина Велс работела и домаќински, нагласи Коцевски. Во прилог на ова негово тврдење ги посочи бројките.  Во 2020 година за репрезентација општината потрошила  14.640 денари, во споредба со средствата што за оваа намена се потрошени во мандатот  во 2017 година, во износ од 1.22 милиони  денари.

Општина Велес  штедела средства и на патните трошоци кои во 2020 година изнесуваат  78.716 денари, во споредба со 878.407 денари кои биле потрошени во  2017  година.

Иста била  ситуацијата и со потрошувачката на гориво, за што во 2020 година од општинскиот буџет биле  потрошени  462.480 денари, додека за истата намена во 2017 година биле  платени 1.1 милион  денари. 

Расходите изминатите четири години се во опаѓање.  Лани биле 63 отсто, во 2019-та 75 отсто, 2018-та 70 отсто и во 2017-та 73,8%.    

„Задоволен сум од финансиските резултати и заштедата на средства за несуштински трошоци. Останувам на ставот дека домаќинското и транспарентното работење со средствата на граѓаните мора да биде приоритет на секој иден градоначалник“, рече Коцевски.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес

АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

Дали Општина Велес да се задолжи со 46 милиони денари, за да се изгради покриен Градски пазар?

  • да
  • не
Резултати