Петар Печков
Објавено: сабота, 30 ноември 2024
Ноќеска во акциска контрола на велешката полиција, во угостителски објект биле затекнати двајца малолетници, кои биле послужени со алкохол. Деталите од информацијата на СВР Велес.
„Денес 30 ноември во 00.20 часот од страна на полициски службеници од СВР Велес во угостителски објект во Велес при контрола на истиот затекнати се две малолетни лица кои биле послужени со алкохолни пијалоци со што е сторено кривично дело „точење алкохол на малолетни лица“ предвидено по член 204 од КЗ. Исто така двајцата малолетници во објектот биле присутни после 24.00 часот, со што е сторен и прекршок по член 21 од ЗППЈРМ“ – соопшти Биљана Ѓаковска, портпарол на СВР Велес.
Малолетните лица биле предадени на нивните родители а по документирање на случајот против М.Н. (58 год) сопственик на објектот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.