Петар Печков
Објавено: понеделник, 07 јули 2025
Полициските службеници од Отсекот за превенција и Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај при СВР Велес, на автопатот Велес-Градско, реализираа превентивна активност во рамки на кампањата „Вози одморен“.
„На возачите во непосредна комуникација им беше укажувано за важноста да бидат одморени кога управуваат возило, бидејќи заморот и падот на концентрацијата се чести причини за предизвикување на сообраќајни незгоди, особено во летниот период, кога возачите минуваат и по стотици километри на пат кон туристичките дестинации. Во овој период, зголемен е и бројот на туристи кои транзитираат низ земјава и минуваат токму по оваа делница“ – информираа од МВР.
Била потенцирана потребата за подигнување на сообраќајната култура на учесниците во сообраќајот на патиштата, преку почитување на сообраќајните прописи и одговорно однесување, правење почести паузи, а со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот.
На возачите им бил поделен и едукативен печатен материјал, изработен во соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата.