Превентивни активности на СВР Велес за заштита од пожари и бесправна сеча

Петар Печков

Полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Велес заедно со шумската полиција, на подрачјето на општина Чашка и околните села Мартолци, Оморани, Теово, Богомила, Голозинци, Лисиче и Мелница реализирале превентивни активности за заштита од пожари и бесправни сечи. 

„На граѓаните им беше појаснето дека е потребна континуирана соработка со надлежните институции и задолжително пријавување на несовесно однесување како фрлање и палење ѓубре, палење оган на отворен простор и во близина на шумски појаси, фрлање на отпушоци и сл. со цел брза и навремена реакција. Во летниот период, со зголемените температури, расте и опасноста од предизвикување на пожари од невнимание. Затоа, беше посочена потребата од заштита и намалување на ризикот од настанување на шумски пожари и пожари на отворен простор, како и внимателно извршување земјоделски работи, со акцент на опасностите од предизвикување пожари од палење на меѓи, стрништа со сува трева  и смет на ниви“ – соопшти МВР.

Оваа активност е дел од  кампањата за спречување на шумски пожари и бесправната сеча на дрва, со цел навремено делување на превентивен план, но и при евентуално настанат пожар.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Како ги поднесувате пеколните температури, кои стасаа до 41 степен?

  • не излегувам од дома
  • се освежувам во базените од хотелите/ градски базен
  • додека е рано претпладне се завршуваат обврските
  • и на ова време мора да се живее
Резултати