Превентивнa активност „Сите сме пешаци, бидете одговорни во сообраќајот“

Петар Печков

На неколку локации во Велес била реализирана превентивнa активност „Сите сме пешаци, бидете одговорни во сообраќајот“.

„Пешаците како активни учесници во сообраќајот  имаат обврска да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и улицата треба да ја преминуваат единствено на обележан пешачки премин, при тоа да не користат слушалки и мобилни телефони, да бидат внимателни, особено во вечерните часови кога се движат на неосветлени локации. Со почитување на препораките, пешаците ќе ја зголемат како својата, така и безбедноста на сите останати учесници во сообраќајот“- соопштија од МВР.

Во рамки на превентивната активност биле опфатени и возачите, на кои им била укажана потребата и обврската за почитување на сообраќајните правила, клучните фактори за безбедноста на најранливата категорија на учесници во сообраќајот-пешаците и особено повозрасните лица, со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот.

„Целта на овие превентивно – едукативни активности беше да се влијае на зголемување на нивото на сообраќајната култура, но и зајакнување на довербата и соработката меѓу полицијата и граѓаните“ - дополнија од МВР.

На граѓаните им беа поделени и печатени едукативни материјали со препораки за безбедно учество во сообраќајот и зголемена будност и внимателност при преминувањето на улица од страна на пешаците , изработени од Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата.

Активноста е реализирана од отсекот за превенција при СВР Велес и Полициска станица  за безбедност на патниот сообраќај на ПС Велес.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Како го оценувате, колку сте задоволни од решението за уредување на централното градско подрачје?

  • 5
  • 4
  • 3
  • 2
  • 1
Резултати