Петар Печков
Објавено: четврток, 02 октомври 2025
Наредните четири дена, во Киноверзум во Велес освен македонскиот ДЏ Ахмет се прикажува една премиера и две репризи.
Премиерно пред велешани акциониот трилер, најгледаниот филм во светот изминатиот викенд „Една битка по друга“ со Реџина Хол, Леонардо ди Каприо, Шон Пен, Бенисио Дел Торо. Кога нивниот злобен непријател се појавува по 16 години, група поранешни револуционери се обединуваат за да спасат една од нивните ќерки. Се прикажува вечерва, четврток и утре петок.
На репертоарот се и анимираниот „Ози гласот на шумата“ и хоророт „Повикување –последен обред“ кој има голема посетеност по кината во светот.
Се прикажува и македонскиот филм „ДЏ Ахмет“ , четврток, сабота и недела.
Од понеделник до среда претстави нема.
