Премиери на репертоарот на 3Д киноверзум во Велес, драмите Дадио и До последен здив (видео)

Петар Печков

Драмата „Дадио“ со Шон Пен и Дакота Џонсон.  Жена која се вози со такси од аеродромот ЏФК се впушта во разговор со таксистот за важните врски во нивните живот.

Уште една драма има премиера во 3Д киноверзум во Велес, „До последен здив“ со Мила Јововиќ.  Мајка и ќерка од Источен Флетбуш, кои едвај преживуваат во свет без кислород, мора да се здружат за да се заштитат еден со друг кога ќе пристигнат натрапниците кои тврдат дека го знаат нивниот исчезнат татко.

На репертоарот трета седмица е „Опако, наопаку“ анимиран филм, кој измиантито викенд беше трета недал на врвот по гледаност во кино салите низ светот и прв филм кој во 2024 заработи повеќе од милијарда долари.  „Опаку, наопаку“ е американски анимиран, семеен филм за сите возрасти, продолжение на  успешниот филм од 2015 година. Направете место за нови емоции со најновиот филм од Дизни! Среќата, тагата, лутината, стравот, гадливоста силно ќе бидат потресени со доаѓањето на тежината, досадата, зависта, срамот.  Филмот е во продукција на Pixar Animation Studija  и Walt Disney.

Дел од популарната франшиза „Тивко место“, филмот „Тивко место: Прв ден“  со мото „Останете тивки, останете живи“, ги прикажува настаните од првиот ден на инвазијата од вонземјани. Кога Њујорк се соочува со инвазија од вонземјани, една жена и други преживеани се обидуваат да најдат начин да избегаат на безбедно. Наскоро дознаваат дека мора да останат апсолутно тивки бидејќи мистериозните суштества се привлечени и од најмалиот звук. Филмот беше втор по гледаност во светот изминатиот викенд.

Анимираниот „Подлиот јас 4“  втора седмица на репертоарот.   Гру, омилениот светски супернегативец кој по многу пресврти стана агент на Лигата на негативци, се враќа во возбудливата, смела нова ера на хаосот на Minions во новото продолжение продуцирано од студиото Illumination.


Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Каде го минавте летниот одмор?

  • дома
  • на Охридско езеро
  • Грција
  • Црна Гора
  • Хрватска
  • Албанија
  • Турција
  • на Дојранско езеро
  • на планина
  • Бугарија
Резултати