Притвор за албански државјанин, кој пренесувал 10 кг марихуана

Петар Печков

Саботата на   19 октомври, попладне  на Граничен премин „Богородица“, бил откриен албански државјанин, при обид да изнесе марихуана, од земјава, во правец кон Грција.

Од слобода бил лишен М.М(26) од Република Албанија, кај ког  во 15ч. о при преглед на патничко моторно возило„мерцедес Е270“, со албански национални ознаки, во специјално направен бункер службеници на Царинската управа пронашле 13 пакувања марихуана, со вкупна тежина од 11 кг информираа од МВР. 

Велешкото обвинителство  донело наредба за спроведување истражна постапка против 26 – годишен државјанин на Република Албанија поради постоење на основано сомнение дека сторил кривично дело  - Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги.

Осомничениот на 19 октомври неовластено заради продажба пренесувал наркотична дрога-марихуана во количина од 9,97 килограми, која била спакувана во 12 пакувања и скриена во багажниот простор од патнички автомобил марка Мерцедес со албанска регистарска ознака. Ценејќи дека постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство или повторување на кривичното дело, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка при Основен суд Велес поднесе Предлог за определување на мерката притвор против осомничениот. Предлогот е прифатен од Судот и на осомничениот му е определена мерка притвор во траење од 30 дена - соопштија од ОЈО Велес. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати