Притвор за двајца гостиварци за 10 кг марихуана

Петар Печков

Понеделникот на 22-ри јули  на граничниот премин Стар Дојран приведени се двајца жители на гостиварско село, при обид да пренесат марихуана преку граница, во правец кон Грција. 

Уапсени се Е.М.  и Е.Х., двајцата од село  Долна Бањица, Гостивар при обид да пренесат марихуана преку граничниот премин.  Е.М. управувајќи товарно моторно возило „Ман“ со скопски регистарски таблички и Е.Х., како сопатник во возилото имале намера да излезат од Република Северна Македонија  на граничниот премин Стар Дојран, но при извршената контрола во возилото пронајдени се 20 кеси со марихуана - соопшти МВР.  

По ова Основното јавно обвинителство  Велес донело наредба за спроведување истражна постапка против  двете лица за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги.

На 22.07.2019 година лице на возраст од 32 години во товарно моторно возило со полуприколка неовластено заради продажба пренесувал наркотична дрога – марихуана во количина од 9.855 грама. Во вршењето на кривичното дело  со умисла му помогнал вториот осомничен ставајќи му на располагање средство за извршување на кривичното дело. Двајцата осомничени по претходен договор а со цел пренесување на дрога, искористиле претходно договорено патување на првоосомничениот во Република Турција каде со товарно возило со полуприколка требало да се однесе дрвена граѓа.  Ноќта пред патувањето второосомничениот ја донел дрогата во патничко моторно возило кај село Смоквица каде се сретнал со првоосомничениот кој го управувал товарното возило. Дрогата била спакувана во  20 полиетиленски пакувања исполнети со наркотична дрога – марихуана сместени во две торби и еден куфер.  Второосомничениот кога влегол во товарното возило кое го управувал првоосомничениот ја распоредил дрогата на повеќе места во возилото. Кога осомничените во текот на ноќта, со товарното возило пристигнале на граничниот премин Стар Дојран,  при излез од Република Северна Македонија била извршена контрола од  овластените службени лица и дрогата била пронајдена. Судот го прифати предлогот на јавниот обвинител и со Решение на осомничените им е определена мерка притвор во траење од 30 дена - информираа од ОЈО Велес. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати