Професорка од ОУ Васил Главинов позитивна на ковид-19, десет колеги во изолација

Петар Печков

Просветен работник од Oсновно училиште во Велес е позитивен на ковид-19. Резултатот на професорката од ОУ Васил Главинов вчера бил пристигнат во Центарот за јавно здравје Велес. Сите нејзини контакти се испратени во изолација.

Според епидемиолошката анкета таа не можеше да каже од каде се заразила. Десет лица од училиштето се испратени во изолација, како и нејзиното семејство - соопштија од Центарот за јавно здравја Велес.

Од училиштето информираа дека работеле по протокол, кој од страна на вработените бил почитуван.

Се работи по две лица во кабинет, таков бил и случајот со колешката која е позитивна.  Колегите кои се во изолација биле во краток контакт со неа низ училишните ходници, кога излегувала и доаѓала на работа - кажа директорот на училиштето Сашко Чоков.

Од Центарот за јавно здравје дополнија дека во текот на вчерашниот ден  на 30-тина велешани им било врачено решение од ДЗСИ за изолација, оти имале контакт со некој од петмината случаи, кои се очекува денес да бидат објавени дека се позитивни на ковид-19.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

  • добро е
  • не ми се допаѓа
  • ме бендисува пешачката патека која е бојадисана
Резултати