Распишан е конкурсот за распределба на социјалните станови во Велес

Петар Печков

Министерството за транспорт и врски го објави огласот за распределување на 29 социјални станови во  Велес во станбенa зградa на улицa „Раштански пат“ бр. 20.  Зградата е на пет ката, со површина на становите од 38 до 42 м2. наменета за социјално ранливите категории, инвестиција на АД  за изградба и стопанисување  со станбен и деловен простор.

За становите може да конкурираат -деца без родители или родителска грижа - лица над 18 години кои до својата осумнаесетта година биле згрижени во институции и други облици за згрижување,  деца без родители, корисници на правото на гарантирана минимална помош, лица погодени од елементарни-природни непогоди без разлика на правниот статус на нивните постојни  (примарни) живеалишта, лица со попреченост и семејства со лица со попреченост, лица припадници на Ромската заедница социјално загрозени согласно Стратегијата за Ромите на Република Северна Македонија, самохрани родители со малолетни деца. 

Потребната документација лицата ја поднесуваат до:ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа – Велес ( ул.„Нада Бутникошарева“ бр.3 во Велес).

Заинтересираните граѓани за податални информации може да ги контактираат Елена Цветкова, ЈУ Меѓуопштински центар за социјални работи -  Велес контакт телефон 078/241-536, Томислав Илиевски, ЈУ Меѓуопштински центар за социјални работи -  Велес контакт телефон  078/611-641.

За лицата кои не се во можност сами да ја комплетираат потребната документација, ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа во Велес ќе ја обезбеди потребната помош за обезбедување на целокупната потребна документација согласно објавениот оглас. Потребната документација која лицата ја поднесуваат до ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа во Велес треба да биде доставена заклучно со 21.10.2024 година. 

Социјалната зграда е лоцирана близу до АД Киро Ќучук.  Започна да се гради на 14 април 2021 со најава дека ќе заврши  за една година, потоа рокот се продолжи за октомври 2022. Соседите на зградата зборуваа дека на почетокот на градбата два пати биле рушени темелите поради слабиот квалитет на материјалот, па бил променет и изведувачот. Градоначалникто пак Марко Колев, на последната седница, вторник 24 септември кажа дека конечно е донесена вода до зградата.  

Становите се  изградени по Програмата за изградба, продажба и одржување на станбениот простор во сопственост на Република Северна Македонија, а согласно рамковниот договор за заем склучен меѓу Банката за развој при Советот на Европа и Република Северна Македонијa.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Каде го минавте летниот одмор?

  • дома
  • на Охридско езеро
  • Грција
  • Црна Гора
  • Хрватска
  • Албанија
  • Турција
  • на Дојранско езеро
  • на планина
  • Бугарија
Резултати