Ревизија на ,,А,, еколошката дозвола на Варницата и 24 часовен мониторинг

Петар Печков

Потребна е ревизија на сите ,,А,, интегрирани дозволи, е ставот на заемникот министер за животна средина Јани Макрадули при неговиот престој во Велес, прашан за Варницата во Превалец. На  неизината  работа жителите од околината имаат многу реакции. 

Таа дури  во одреден период работеше иако немаше ,,А,,дозвола тврдеа од Општина Велес. Локалната власт на Велес,  во повеќе наврати искажа сомнеж дека фирмата концесионер ,,Техно павер,, и не ги исполнува сите услови кои се предвидени со ,,А,, интегрирана дозвола.   

Преземам таква обврска за ревизија а потребен е и 24 часовен мониторинг. Но потребна е и поголема соработка помеѓу Државниот инспекторат и инспекторатите кои се за животна средина а се на општинско ниво. Ќе направиме инспекциски надзор на емисиите на воздух, тие  да бидат од независна акредитирана лабораторија за да ги увериме граѓаните што навистина се случува. Ќе направиме дополнителна вонредна контрола на обврските во рамките на интегрираната дозвола и каква е состојбата на терен   - изјави  Макрадули. 

Поврзани »

АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

Дали граѓаните ги почитуваат препораките за заштита од корона вирусот, да останат дома, да има растојание кога се чека во редица пред банка, маркет?

  • да
  • не
Резултати