СВР Велес со едукација за безбедно движење на учениците од домот до училиште

Петар Печков

Во пресрет на отпочнувањето на новата учебна година денеска -29. август, отсекот за превенција при СВР Велес,   започна со реализација на превентивно- едукативниот проект „Безбедно од домот до училиштето“.

Оваа година за прв пат проектот  ќе се спроведува во партнерство со надлежни служби при локалните власти на Велес, Кавадарци и на Неготино.

„Активностите ќе се спроведуваат континуирано во септември и во октомври, во непосредна близина на основните и средните училишта, во периодот кога учениците доаѓаат и заминуваат од училиштето. За таа цел денеска беше направена обиколка на училиштата во општините, фокусирана кон преглед на поставеноста на сообраќајните знаци од вертикалната и хоризонталната сигнализација, со кои се олеснува ориентацијата и движењето на учениците како пешаци во сообраќајот во близина на училиштата. Покрај тоа, беа евидентирани најпогодните траси за движење на децата од поодалечените места до училиштата, а на претставниците на локалните власти им беше укажано да се обезбеди проодност до сите пешачки зони на улиците кон училиштата, како и поставување на бариери за спречување директно излегување на децата од училишните дворови на коловозот“ - соопштија од МВР.

СВР Велес упатува апел до сите учесници во сообраќајот а посебно возачите, да бидат одговорни учесници во сообраќајот, да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и со тоа да допринесат за заштита на децата во сообраќајот.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Како ги поднесувате пеколните температури, кои стасаа до 41 степен?

  • не излегувам од дома
  • се освежувам во базените од хотелите/ градски базен
  • додека е рано претпладне се завршуваат обврските
  • и на ова време мора да се живее
Резултати