Саботата навечер, седуммина возачи возеле под дејство на алкохол

Петар Печков

Саботата кон неделата ноќ, сообраќајна контрола по велешките улици. Полицијата проверувала, дали има пијани возачи зад воланот.  

На 23-ти ноември  во периодот од 23 до 5 часот  следниот ден, на територијата на СВР Велес била спроведена акциска контрола на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол. Притоа, биле забележани 11 прекршоци, од кои седум во Велес, два во Кавадарци и два во Неготино - информираа од МВР.  За сите прекршоци биле  изречени соодветни казни.

За потсетување пред седум дена, во тогашната контрола  во Велес, биле откриени единаесет возачи кои управувале возило а имале алкохол  повеќе од дозволеното. 

Истовремено ваква акција имало и во повеќе македонски града. При тоа во Скопје биле откриени дури 132 возачи под дејство на алкохол, осум во Гевгелија, седум во Радовиш, осум во Куманово. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати