Саботата попладне, сообраќајка на Стар мост, мотористот со тешки повреди заврши на Ургентен во Скопје

Петар Печков

Саботата попладне, во сообраќајна несреќа коај се случила кај Стар мост, тешко е повреден моторист. Поради тежината на повредата е префрлен на Урегентен во Скопје. Прва на местото на несреќата стигнала екипа на Итната помош.

 „Повредениот  моторист е згрижен на лице место, повреда на глава,  свесен, транспортиран на ургентетен центар при велешка болница“ – информира д-р Василка Пановска началник на службата за Итна помош при ЗЈУ Здравстен дом Велес.

„На 13 април во 15.50 часот во СВР Велес било пријавено дека на улица „8 Септември“ во Велес, на место викано „Стар мост“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу мопед „апен“, управуван од Ќ.С.(64 год) од Велес и патничко возило „тојота“ со велешки регистарски ознаки, управувано од А.Р.(19 год) од Велес“ – соопшти Биљана Ѓаковска, портпарол на СВР Велес.

„Во несреќата со тешки телесни повреди на главата,  се здобил возачот на мопедот констатирани по извршените прегледи и снимања во болница во Велес. Пренесен е во Ургентен центар во Скопје“ – соопшти Марија Трајковска, од ЈЗУ ОПшта Болница Велес.

По овластување на јавен обвинител увид на местото бил извршен од увидна екипа од СВР Велес.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

  • да
  • не
Резултати