Петар Печков
Објавено: четврток, 22 мај 2025
Санацијата на мостот кај Башино Село, на влезот во Велес, ќе заврши во предвидениот рок, крајот на месец јуни. Градежните работи започнаа на 21 март, со најава дека ќе траат три месеци, кажа Коце Трајановски директор на ЈП државни патишта.
Мостот бил оштетен од временските услови, со пет децениското користење, бидејќи тој е изграден 1971 од ЈНА како времен. Во овој периоd досега не биле извршени никакви зафати. Се работи и на документацијата за изградба на нов мост.
„Оштетувањата на мостот настанале со протекувањата на водата од горниот слој на столбовите и гредите на мостот, немало хидроизолација или со годините таа била оштетна. Така водата ги оштетила и гредите и столбовите, затоа главните зафати се кон нив. Гредите ќе бида армирани и засилени со армирање а столбовите ќе бидат заштитни со карбонска мрежа. Тие ќе имаат челична конструкција кога ќе ги врзе едни со други, со што ќе се добие поцврста конструкција. Тие градежни работи треба да завршат 21-25 јуни, по што мостот ќе биде пуштен во употреба,. Правиме санација само на долниот слој, горниот треба да се асфалтира, да се поправат пешачките патеки“ – кажа Коце Трајановски, директор на ЈП ДП.
Новиот мост ќе биде 50 метри јужно од постојниот. Во следниот период треба да се распише јавен повик за изведувач на изградбата на нов мост. Во септември во оптимални услови, би можело да започне неговата изградба.
„Сведок сум како 15 години се зборува за овој мост, дека е во лоша состојба, дека треба да се санира и реконструира. После толку години, и на добра соработка на локалната и централната власт, дојдовме до завршување на санацијата. За триесетина дена таа ќе заврши. Во тек се административните работи за изградба на нов мост“ – рече Марко Колев, градоначалник на Велес.
„На овој мост е применет траен мониторинг. Тоа значи колегите од кабинетите, можат да го следат однесувењто на мостот кога е под сообраќај и да се исклучи секаква опасност по неговата носивост. Безбедноста е зголемена, со мониторингот продолжуваме и по санацијата. Носивоста на реконструираниот мост ќе биде иста како и до сега, возила до 40 тони тежина. Со добро одржување тој ќе може да се користи и повеќе од предвидените 10 години“ – изјави Горан Марковски декан на Градежниот факултет при УКИМ.