Саниран е оштетениот насип на пругата кај Драчево, железничкиот сообраќај кон Битола нормализиран

Петар Печков

Саниран е насипот на железничката пруга кој надојдената Маркова река го однесе на 2 април годинава. Така делницата од железничката пруга Драчево – Лисиче е повторно во функција. Досега железничкиот сообраќај се одвиваше преку станица Трубарево, што значеше подолго патување на патничките возови. 

Санацијата на пругата од утрово овозможува патничките возови за Битола, кои користат дизел локомотиви да сообраќаат преку Драчево - Лисиче  и да возат според возен ред. Додека патничките возови за Гевгелија, кој користат електричен погон, ќе возат преку Трубарево се уште бидејќи не е извршена санација на електричната мрежа, која исто така беше оштетена од најдодената река. 

Локалот од Скопје до Велес и обратно ќе сообраќа во зависост од тоа каква железничка композиција е на располагаање, дали дизел, кој ќе вози преку Драчево или електрична, која ќе сообраќа преку Трубарево. Во зависност од тоа ќе трае и должината на патувањето.

Директорот на МЖ Инфрастурура Ивановски најави дека летово ќе се врши реконструкција на пругата од Зелениково до Скопје каде возвите  сообраќаат со брзина од 20/30 км на час.

Поврзани »

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ Велес

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ Велес, која е дел од Швајцарска мултинационална корпорација активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала има потреба да вработи:
Магационер
Техничар за одржување
Оператори за производство на крвни линии

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали ги чувствувате придобивките од примената на летно и зимско сметање на времето, кое е на сила од 27 март 1983 година, за тоа да продолжи да се применува?

  • да
  • не
Резултати