Сведочења за убиството на Рахилка Темелкова

Петар Печков

Потресно беше сведочењето на Зоран Темелков ,  син на убиената Рахилка  Темелкова (64 год)    која со удар со секира во глава ја усмрти  соседот  Илија Јуртиев (69 год).   Тој во Основен  суд   Велес,   го опиша овој ден  како најлоша хорор приказна, што може дa  се доживее со трауми за целото семејство и пред се нивниот седумгодишен син,  кој исто така бил сведок на се што се случувало на 5-ти април околу 9,40ч. на улица Енгелсова бр.29.   Темелков  посочи дека два пати соседот- сторителот е пријавуван во полиција но таа ништо не  презела.

Лани ме нападна со секира, ме  бркаше а пред две  години  на син ми кој тогаш имаше пет години му се  закануваше со нож.  Кога се случи настанов 10 минути  вртев на бројот на  полиција тој беше зафатен, не можев да побарам помош.    Утрото требаше да ја носам мајка ми на контрола на лекар, излегов од колата кога  мајка ми од прозор викна деца бегајте Илија иде со секира.   Со обвинетиот сме соседи куќа до  куќа, двор заеднички со мало ѕидче. Кога се завртев го видов со нож  во уста и со ашов во раката. Ме нападна и се боревме. При тоа ме посече на левата надлактица.   Тогаш со сопругата која  беше во дворот и синот се повлековме во куќата. Тој отиде и зема секира  па почна да ја крши влезната врата. Од искршеното стакло сопругата Славица  беше целата крвава во лицето. Јас не можев да се спротивставам оти раката ми беше прободена. Се качивме на горниот кат каде живееме. За тоа време тој влезе долу кај мајка ми, слушнав силен удар и реков  ја отепа. По ова се качи горе и почна да го крши стаклото.  Сопругата  ја држеше вратата јас упорно ѕвонев  во полиција но безуспешно. Тогаш го повикав сведокот Димче Зафировски кој дојде и некако го   совлада Илија па заедно со Дарко го изнесоа во двор и го легнаа на земја. Кога влегов да ја видам мајка ми, видов толку лоша слика, целата облеана во голема  локва крв со расцепена глава. Нешто ми зборуваше  но не можев да разберам. Почина подоцна во ургентен во Скопје. Тоа што се случуваше тие десетина  минути беше  таков  хорор кој никогаш нема да исчезне од моите мисли и на моите најблиски – рече Зоран.  

Сведочеше  и неговата сопруга Славица, која мораше да побара помош од Итната медицинска екипа,  да добие лекарства за смирување. 

Бев крвва во лицето од стаклото кое го кршеше на влезната врата. Ме испосече уште имам лузни. Нема да ги заборавам зборовите на синот,  кој беше исто сведок, кога се борев со Илија, а малиот плачејќи кажа  ,,мамо немој да умреш,,. Детето по овој настан е уште во стрес – рече Славица Темелкова пред судијата Шефшет Адеми. 

Обвинетиот Илија Јуртиев на почетокот од судскиот  процес само кратко изјави:  ,,не го признавам делото, не  е така како што е опишано  во обвинението,,.

Тој е обвинет за убиство и две убиства во обид  5-ти април годинава во 9,45ч. ја усмртил Рахилка Темелкова а ги повредил синот Зоран тешка телесна повреда и снаата Славица телесни повреди. Зоран го прободел во лево рамо со нож Рахилка со секира ја удрил во глава и усмртил. Досега  Јуртиев е  два пати осудуван за семејно  насилство и телесна повреда.

Јуртиев бил во состојба на непресметливост, параноидна шизофренија  покажале вештачењата на стручните лица. 
 Лицето  има трајно душевно растројство –параноидна шизофренија, не  се лекувал оти не чувствувал дека е болен.   Кога го сторил делото  бил  во психотична состојба, ја губел реалноста, не бил способен логично да расудува, не можел да се контролира, да управува со себе, бил во непресметлива состојба  - рече   Д-р Катерина Николова  психијатар. Таа  предлагаа лекување и чување во психијатриска установа. Судијата дополнително ќе донесе решение,  не  пресуда, за Јуртиев. 

loading...

Поврзани »

loading...

Macedonian butterfly

Македонска пеперутка (Филигран од хартија) Уникатна врамена слика со македонски мотив. http://anicasoleva.com/Handmade/Product/macedonian-butterfly-paper-filigree-framed-picture

Posted by Anica Soleva - Уникатни подароци од хартија on Sunday, January 8, 2017

Дежурство на аптеките (ОКТОМВРИ)

АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

Каков превоз најчесто користите?

  • автобус
  • автомобил
  • воз
  • комбинирам
  • такси
Резултати