Се повеќе заразени со ковид-19 во велешка Болница, двајца починати пациенти

Петар Печков

Министерството за здравство соопшти дека во велешко ново регистрирани со ковид-19 се 60 лица а оздравени се 21. Или активни се 818 случаи а досега во велешко има заразени 4.678.

Во велешка Болница вкупно се хоспитализирани 96 пациенти,  од кои 88 се потврдени позитивни, четворица се  сомнителни  и исто толку четворица  пациенти со негативен брис но задржани на болничко лекување.

„Починати се двајца  пациенти маж на 84 годишна возраст позитивен, лекуван три  дена на Инфективно одделение и маж на 74 одишна возраст лекуван два  дена на Интерно одделение. И двајцата пациенти се од Велес, позитивни на ковид-19. На кислородна поддршка се 51 пациент. Испишани се како оздравени пет  пациенти со по еден  негативен тест- кажа д-р Елеонора Јованова, портпарол на Општа Болница Велес. 

На Инфективно  одделение се 52, на Интерно шест и во Модуларната болница 38 пациетни. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес

АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

Дали Општина Велес да се задолжи со 46 милиони денари, за да се изгради покриен Градски пазар?

  • да
  • не
Резултати