Петар Печков
Објавено: вторник, 05 ноември 2024
Археологот Силвана Блажевска е нова в. д. директорка на Националната установа „Стоби“.
Таа е именувана од министерот за култура Зоран Љутков, а доаѓа на местото на досегашниот директор Спасе Перовски.
Блажевска е доктор на археолошки науки, вработена како кустос советник за архитектонска пластика и скулптура.
Таа беше директорка на „Стоби“ во два мандата, во периодот 2008-2017 година.