Слаб интерес за набавка на субвенционирани ефикасни грејни тела

Петар Печков

На неколку дена пред истекот на рокот,  не е исполнет бројот на баратели кои можат да добијат инвертер клими или печка на пелети субвенционирани од  Буџетот на Општина Велес. Од локалната власт информираа дека досега  дваесет и  шест велешани аплицирале до нив, за набавка на субвенционирани енергетски ефикасни грејни тела а субвенции можат да добијат 34 лица. За ова цел од Општинскиот Буџет се обезбедени 500 илјади денари,  а со  одлуката   едно семејство ќе може да добие најмногу до 15 илјади денари.  

Целта е со оваа мерка да ги стимулираме жителите, домаќинствата,  за примена на почисто гориво и поквалитетни печки за затоплување на своите домови, кои имаат повисока енергетска ефикасност и пониски емисии во воздухот. Предност за добивање на субвенциите ќе имаат семејства со помали приходи по член на семејство - велат од Општина Велес. 

Потсетуваат дека повикот за пријавување завршува в петок, подносителот на барањето  треба  да е корисник на печка на јаглен, дрва, нафта или мазут  а новото  енергетски ефикасно грејно тело   да го  купил во периодот на објавата на јавниот повик, од почетокот на овој месец, како и истото  биде инсталирано на адресата на живеење наведена во личната карта на барателот. Велес не е меѓу неколкуте градови   во Македонија, Тетово, Скопје, Битола, Кичево, каде преку  ЕСМ  се субвенционира набавката на инвертори. 

Според регистарот на згради, подготвен од Хабитат Македонија, во Велес  неговите жители како начин на греење во зградите 61 отсто    користат  дрво или  пелети, додека  39 струја.

Поврзани »

АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

Дали летово планирате да одите на одмор и ако одите каде?

  • да во Македонија
  • да во странство
  • не
Резултати